Играорна секција за дечиња со редовни тренинзи и настани

Драги пријателки и пријатели Македонци, ве известуваме дека во тек е формирање на детска играорна група која ќе има редовни собири секои две недели во салата во Ратинген. Првиот тренинг ќе се одржи на 26.11.23 во 12.00 часот. Замислено е првично запознавање со децата и родителите со нас и наставникот Борис Гелов кој е долгогодишен играорец и има знаење што може да го пренесе. Исто така ќе се разгледаат и старосните разлики на децата при што при доволен број би постоела можност да се формираат две групи. Ве молиме да ни напишете доколку имате интерес, доволно е име на детето и колку годинки е. Учеството е бесплатно.

Со почит и љубов
Македонско Сонце Дизелдорф