За нас

„Македонски културен центар – Македонско Сонце – Дизелдорф“ е основан од ентузијасти кои сакаат да ја промовираат македонската култура во Германија, поконкретно во главниот град на NRW Дизелдорф и околината, и е формиран во рамки и во духовно заедништво со црковната општина Св. Петка – Дизелдорф.
Целта е да се здружуваат и сплотуваат Македонците во околината од мали до големи, кои иако се преселиле од матичната земја или се родени во Германија, сепак ја носат во срцето и душата мајка Македонија и сакаат да го негуваат контактот со македонските традиции и сѐ што нѐ поврзува како народ.
Нашите активности ќе се одрѓуваат во салата во Marienstraße 4, 40880 Ratingen (каде што претходно се одржуваа литургии) од 11.00 до 19.00 часот( термините може да варираат во согласност со достапноста на салата).
Како приоритет ќе биде формирање на детска играорна секција (понатака и за возрасни доколку има интерес) која беше започната претходно во рамките на црковната општина, но беше прекината поради пандемијата. Термините за тренинг ќе бидат секои две недели од 12.00 до 13.00 часот во салата.
Заинтересираните можат да нѐ контактираат преку нашиот Facebook профил.
Бидејки просторот за активности на клубот е во сопственост на католичката црква и не е секогаш достапен, активностите ќе бидат адаптирани според можностите.
Од останатата програма издвојуваме:

  • Редовно одбележување на македонските национални празници
  • Одржувње на историски трибини, минатото, сегашноста и иднината на Македонија, поканување на видни македонски историчари и познавачи на актуелните случувања
  • Програма за децата – учење на македонски песнички, детски саеми (Kindertrödelmarkt), SPIEL – LEGO катче, разни активности
  • Саем на уметност – контакт со македонски издавачи, промоција на книги, музика, ликовни дела и сл.
  • Соработка со сите македонски клубови од Германија и пошироко
  • Кулинарски активности – Питијада, Сармијада, Тавче Гравче
  • Интервјуа со нашинци од околината, коментари за нивните успеси и тешкотии во однос на почетоците и животот во Германија
  • Одржување на прослави со видни македонски музички уметници
  • Практични совети од секојдневието и помош за луѓе од околината и пошироко на кои им е потребна
  • Слободни активности – Спорт, Шах, Муабет, Дружење

Во понатамошниот период ќе ве известуваме редовно за нашите активности
Со почит и љубов
Македонски културен центар ,, Македонско Сонце” Дизелдорф