1 Година Македонско сонце Дизелдорф!
Измина една година исполнета со настани и активности, нешто што никој не го очекуваше, но ете, со љубов и ентузијазам испишавме една година постоење исполнето со многу успеси
Од настаните што ја одбележаа оваа година издвојуваме:
1. Основање на играорна група за возрасни и поставување на основа за детска група со можност за редовни тренинзи во иднина
2. Промотивен концерт на Некст Тајм и претставување на Македонско сонце Дизелдорф на македонската јавност во Германија и Македонија
3. Заедничка соработка и настап на играорниот ансамбл пред Црковната општина во Ратинген
4. Состанок во просториите на МКЦ Македонско Сонце со сите македонски здруженија и црковни општини од сојузната држава НРВ Германија. На состанокот е донесен меморандум за соработка и конкретизирање на термините на секој од здруженијата во текот на годината, се со цел да нема недоразбирања на оваа тема како во минатото и за подобро здружување и сплотување на Македонецот
5. Настан по повод завршувањето на учебната година 23/24 Дизелдорф со рецитали на најмладите на Македонски јазик, музички настап на Македонско Сонце како и настап на играорниот ансамбл.
6. Настап на фолклорниот ансамбл во Мајнц по повод годишното собрание на Европската епархија
7. Учество на настанот ,, Македонски ден,, во Ешелен Швајцарија, говор на претседателот во однос на негување на Македонската култура и обичаи во Германија и интервју за Македонската Радио Телевизија
8. Настап на играорниот ансамбл пред Католичката црква ,,Heiliger Geist,, и претставување на Македонската култура и традиција преку различни Македонски јадења и специјалитети во Ратинген.
9. Настап на фолклорниот ансамбл по повод осветување на камен темелник на нова Македонска црква во Берлин
10. Зближување, заедничко дружење и помагање на Македонците во Дизелдорф и околината преку интервјуа и информативни средби, но и понекоја дружба со музика и забава
11. Презентација на книгата на Д-p Бранислав Светозаревиќ ,,Македонци – милениумски сведоштва за вековното име,, и настап на фолклорниот ансамбл на прославата на МКК 11 Октомври Солинген по повод 35 години постоење
12. Прослава на патрониот празник на нашата црква Св.Петка во Дизелдорф, учество на нашиот фолклорен ансамбл во 7/8 такт. Благодарност до МПЦО Св.Петка Дизелдорф за организацијата, која успеа да ги изненади нашите играорци со мал подарок и да покаже дека се вреднувани.
Иако досегашната година помина со многу активности и дружења, сепак претстојат уште проекти пред нас, а пред се претстојниот семакедонски концерт на Наум Петрески и Зуица Лазова, со Мишел Трајковски на хармоника и неговиот бенд на 30.11.2024 во Stadthalle Hilden, Fritz-Gressard-Platz 1, 40721 Hilden. Карти можете да нарачате преку: info@makedonsko-sonce.de
Настанот ќе биде покриен медиумски од Алфа Телевизија и Сузана Турунџиева која заедно со уредничката Биљана Божиновска и камерманката Адријана Јовановска ќе бидат наши гости во Дизелдорф и ќе прават прилог за нашето здружение и за нашата црква каде што ќе оди и дел од собраните средства од концертот и секако ќе бидат претставени нашите напори да се изгради Македонска црква на ова тло.
Подржете не, да можеме да ја исполнуваме нашата програма за зачувување на Македонската култура и традиција, преубавата атмосфера и музика нема да изостанат, да ја обоиме повторно салата црвено жолто