Следен собир на играорците на 21.01.2024 во 12.00 часот во салата Marienstraße 8, 40880 Ratingen

Драги редовни и идни членови, ве известуваме дека поради престојните празници нашата играорна група💯🇲🇰💃🕺❤️ ќе има следен термин на 21.01.2024 во 12.00 часот во салата на Marienstraße 8, 40880 Ratingen.
За наредбата година е предвидено да има редовни тренинзи секоја недела(во согласност со достапност на салата), купување на народни носии и учествување на играорците на настани, пред се претставување со некое лесно 7/8 оро, секако за поголем успех понатаму потребен е редовен тренинг и залагање. Освен тоа, се пројавува интерес и за формирање на играорна за поголеми и возрасни, што не прави многу среќни. Доколку има доволно заинтересирани, би се формирала и таква група за краток период. Затоа ве охрабруваме да не контактирате и да се пријавите доколку имате желба да бидете и вие дел од нас.
❗️Исто така ве известуваме дека тие што имаат купено карти за Next Time со предконцертна забава со Sanja Lefkova Hristova и Dejan Zdravkov ќе можат да си ги подигнат лично тогаш.
Во меѓувреме ви посакуваме среќни празници исполнети со многу здравје и љубов 🙏💯💪🇲🇰❤️
МКЦ Македонско Сонце Дизелдорф