Првиот настап на играорниот ансамбл ,, Македонско Сонце,, Дизелдорф закитен со успех!!!

Никој не очекуваше дека за толку кратко време нашата играорна група може да посигне толку голем напредок и успех. Нашиот Македонски културен центар постои само 6 месеци, а за тоа време веќе имаме многу успешен концерт на Некст тајм и Сања Лефкова и веќе најавен во Ноември со Наум Петрески и Зуица Лазова придружувани од Мишел Трајковски на хармоника и неговиот бенд. Редовно сме во контакт со сите Македонски здруженија од Германија а градиме соработка и со Швајцарија и пошироко.

Кога луѓето разбраа дека има играорна група во Дизелдорф тоа го прифатија најпрвин со резерва, но одкако видоа дека имаме играорци кои во Македонија играле со години а дури некои со нив се занимавале и професионално и настапувале редовно во Македонија, се виде и потенцијалот и за настапи тука во Германија и луѓето почнаа да не покануваат.

Ние самите знаевме дека можеме но беше потребно многу енергија и упорност. Почнавме од еден, два члена и така почнаа да се приклучуваат и други и сега имаме доволен број на играорци што можат да ја покријат сцената со својот стас и вибрации…

Тука ќе ги спомнеме нашите учители Севдалина, Александар и Борис,

 

како и играорките Леони, Теа, Кики, Нате, Маја Т., Маја Ч., Зорица, Ирена и секако бајрактарот Филип и неговата сестра Сара како најмала но и највредна играорка во возрасната група,

заедно со најмалите играорци од детската група и сите останати членови на културниот центар кои учествуваа во организацијата.

И покрај претходни покани сепак се договоривме првиот настап да ни биде на 18.05.2024 во Мајнц, каде оваа година се одржуваше годишното собрание на Европаската епархија на МПД – ОА. Таму домаќин ни беше Културно уметничкото друштво ,,Св. Никола,, Мајнц, кои имаат играорна група на возраст од 16/22 години. Тие исто така настапија со своја кореографија, како на пример за орото ,, Тресеница,, а наша задача беше да играме ,, Елено моме,, и ,,Пајдушко оро,,.

Дружењето беше навистина убаво и сме благодарни на домаќините како и на Отец Константин од МПЦО Св.Никола од Мајнц за пруженото гостопримство.

 

Следниот настап е сега во недела во рамки на заедничка прослава на нашата Македонска црковна општина Света Петка и Католичката црква na Bachstraße 8, 40878 каде ќе настапиме со неколку ора а во меѓувреме сме поканети во наредниот период во Ремшајд, Солинген, Берлин, Кемниц па дури уште по покана на нашиот парохиски свешеник Отец Трајче од сега на наредното годишно собрание кое ќе се одржува во Италија.

Од наредните настани би навеле и еден многу убав настан во Ешален, Швајцарија каде ќе настапуваат многу локални Македонски културни друштва како и од Македонија, Словенија и Франција и каде традиционално се одржува импровизација на ,, Македонска Свадба,,. Таму ќе земе нашиот културен цетар ,,Македонско Сонце,, учество со цел на подобро запознавање и сплотување на Македонците во Европа а во наредна прилика и со настап на фолклорниот ансамбл.

За сите овие проекти да успеат требаат млади и мотивирани играорки и играорци кои ќе ја споделуваат нашата прекрасна Македонска традиција и култура преочена во 7/8 такт на Мaкедонскиот танц и оро, затоа ве повикуваме да се приклучите и дружиме и редиме успеси заедно!

Со љубов и почит

Македонски културен центар

,,Македонско Сонце,, Дизелдорф