Македонскиот културен центар “Македонско сонце” Дизелдорф е основан од ентузијасти кои сакаа да ја промовираат и негуваат македонската култура и традиција во Германија, поточно во главниот град NRW Дизелдорф и неговата околина.
И покрај тоа што многу Македонци живеат во Дизелдорф и околината, имавме чувство дека националното сплотување и дружење не е на посакуваното ниво, па затоа одлучивме да го подобриме тој недостаток.
Целта е да се здружуваат и сплотуваат Македонците во околината од мали до големи, кои иако се преселиле од татковината или се родени во Германија, сепак во срцето и душата ја носат мајка Македонија и сакаат да одржуваат контакт преку македонската култура и традиција која не поврзува како македонски народ.
Нашите активности ќе се одвиваат во салата на Marienstraße 4, 40880 Ratingen (во салата до претходната Црква каде што претходно се одржуваа богослужбите) од 11.00 до 19.00 часот (термините може да варираат во зависност од достапноста на салата).
Со почит и љубов
Македонски културен центар
,,Македонско Сонце”
Дизелдорф