Концерт на Андријана Јаневска и ДНК во oрганизација на Македонско Сонце Дизелдорф

Македонското 🇲🇰 Сонце ☀️ ќе блесне повторно во Германија!

Ние Македонски културен центар ,, Македонско Сонце,, Дизелдорф, остануваме посветени да бидеме центар каде што нашите музички уметници од татковината ќе бидат поблиску до нас Македонците во Германија, каде ќе ја негуваме македонската народна и забавна музика, фолклор и традиција.
Нашата работа е со долгорочен хуманитарен карактер при што дел од средствата ќе се донираат на тие што им е најпотребно🙏

На настанот по повод Свети Трифун, денот на виното, на 15.02.25 во Дизелдорф, Германија ги поканивме Андријана Јаневска и ДНК, едни од најпознатите музичари од Македoнија, се со цел да градиме културен мост помеѓу матичната земја Македонија и Дијаспората, на тој начин останувајќи поврзани и сплотени како еден народ.

🇲🇰 North Macedonia: Andrijana Janevska States She Was Approached to Compete in Eurovision 2024 - Eurovoix

Андријана Јаневска е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонскаа опера и Балет како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст – отсек виолина. Завршува средно музичко училиште во Скопје, отсек виолина и во 2004 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на Вокално-инструметалниот оддел, отсек виолина. Во 2011 година магистрира на одделот Музичка теорија и педагогија, отсек Методика на музичка настава. Неколку пати била прогласувана за најдобра пејачка во Македонија, а во јули 2023 година беше прогласена за најдобра пејачка на светот на натпреварот во САД организиран од ЗАДА рекордс.

Андријана Јаневска има освоено безброј награди и има едно навистина импозантно резиме, но една од најбитните трудови за зачувување на македонскиот фолклор и за Македонците е таа што таа стана доктор на науки во 2023 и успешно ја одбрани докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ и каде што преку оваа нејзина работа останаа запишани и сочувани многу македонски песни и традиции. Таа самата вели за ова:  „Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот! Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“.

dnk music, videos, stats, and photos | Last.fm

ДНК како артисти со претходно музичко искуство и образование, се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК – Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали. Во 2023 прават концерт во салата Борис Трајковски во Скопје по повод 20 години постоење и до денешен ден издаваат многу албуми и хитови.

Андријана и ДНК се дел од проектот,, Македонијо во срце те носиме, каде што заедно со нашите најпознати музички уметници за две години одржаа 18 концерти ширум Македонија.

Се надеваме дека Андријана и ДНК ќе ни пренесат дел од таа енергија и тука во Дизелдорф, каде Ве очекуваме на повеќечасовен концерт со богата програма и забава за сите вкусови, да ја пееме заедно македонската песна.

15.02.2025 Stadthalle Hilden, Fritz-Gressard-Platz 1, 40721 Hilden,  со почеток од 17.00 часот!

Карти во предпродажба: info@makedonsko-sonce.de
💯👌🇲🇰❤️🙏