Македонско Сонце – eксклузивно со Некст Тајм после првиот концерт во Германија!

Некст Тајм за прв пат во Германија!

Македонско сонце: Звучи навистина убаво и возбудливо, но од наш аспект навистина беше така викендов. Како Вие го доживевате престојот и настапот во Германија?

Next Time: Најпрво здраво на сите Македонци што живеат во Германија. Да, точно е дека за прв пат оддржавме концерт во Германија поточно во Хилден Дизелдорф, и искрено не може да бидеме посреќни од тоа како помина самиот концерт. Имавме краток престој и не можевме многу да уживаме шетајќи низ градот но веруваме дека следна прилика ќе имаме време и за тоа.

Публиката беше одушевена, дали успеавте барем малку да се поврзете и вие со публиката и со овој народ тука? Напишете ни освен Стефан и Мартин кои се импресиите и на останатите членови, Николче, Гоце и Џигер…

Најсреќни сме ако е тоа така, сепак ние бевме таму за нив, и искрено уште од првата песна ја почувствувавме самата топлина која неизмерно ни ја даде публиката. Сметаме дека имавме одлична конекција со нив и тоа беше нај важно. Останатите членови од бендот го делат истото мислење и искрено во име на цел бенд големо благодарам до публиката за убавиот прием.

Ајде малку да им напишеме на луѓето нешто околу подготовките за ваков концерт, гледаме коментари каде што ве повикуваат во Штудгарт, Хамбург, Минхен итн. Да им објасниме дека треба да ве поканат и дека сега за сега не се работи за организирани турнеји како во Австралија зад која стои менаџерска/продуцентска куќа, туку за една поединечна организација…

Вистина е дека турнеја во Австралија е различна од класична турнјеа, затоа што е далеку и кога сме веќе таму убаво е организаторот да организира низ повеќе градови, не е како Европа се да е на два – три часа лет. Видовме дека има интерес и од другите градови во Германија и веруваме дека ќе можеме повеќето од градовите да ги посетиме каде што има Македонци. Ова беше прв настап и веруваме дека сите што се занимаваат со организација ќе појават интерес за евентуален концерт.

Дали Македонско Сонце Дизелдорф како организатор одговори на овие предизвици, сепак мора да се спомене дека ресурсите во Германија за ваков тип на организација не се толку достапни како во Македонија, од договарање на содветна сала па се до најмалите ситници, тука вложивме огромен напор за да изгледа се така организирано, но дали според Вас одговоривме на овој предизвик и Вашите барања?

Ние ви дадовме чиста десетка за гостопримството, ви благодариме за тоа. Концертот беше организиран на високо ниво, нешто веројатно поразлично од се што се организирало до сега во Германија на музички план и на наша огромна среќа и задоволство салата беше преполна.

Австралијанците одкако ве видоа минатата година за прв пат повторно ве бараат, се надевам дека ние ќе ве поканиме повторно да се дружиме тука во Дизелдорф. Треба да имаме на ум дека некои од луѓето што се родени тука и присуствуваа на концертот дури и немаа чуено за вас и тоа што го работите а секако ниту песните, но сега ве знаат и сигурен сум дека би присуствувале на некој ваш следен концерт. Посебно ни е драго што многу деца присуствуваа и со одушевување во првите редови ве гледаа. Напишете ни што мислите дали вашите песни и вие како бенд ќе им останете во сеќавање?

Ако е така, исрено ни значи што за нас дознаваат и луѓе кои што претходно не слушнале за нас но посебно најмладите. Вистина е дека дури се сретнавме со некој луѓе кој ни кажаа дека не се Македонци но дека биле воодушевени од нас и искрено тоа ни ги полни срцата. Инаку во Австралија по некои си стастистики на социјални мрежи знаевме дека имаме голема публика и не радува фактот што повторно ќе одиме, но доколку не сте знаеле еден мал податок, но од големо значење за нас, е дека на Youtube мрежата, Германија после Македонија не гледа најмногу.
Доколку имаме повторно можност да одржиме концерт во Дизелдорф би биле пресреќни.

Тој податок не го знаевме, но судејки по посетеноста на концертот во саботата можеме само да потврдиме…

Ни се допадна еден Ваш коментар на видео интервјуто во саботата ,, Мислиме дека со пеење на вакви македонски песни ќе го зајакнеме и македонскиот дух на луѓето”. И ние сме со таква мисла, бидејќи сепак и покрај сите тешкотии и негирања што македонскиот народ ги имал низ вековите, името Македонија е најспоменувано во испеаниот фолклор на Македонците од сите народи во светот. Затоа сме Ви благодарни на Вас што го будите чувството на гордост на еден многу талентиран и убав начин кај секој Македонец. Ве поздравуваме и се радуваме на Вашите идни настапи и се надеваме на повторна средба баш тука во Дизелдорф!!!

Да тоа е вистината, работиме преку музиката за секогаш да зајакне македонскиот дух и свест. И ќе работиме понатаму со огромна љубов спрема Македонија и спрема публиката.

Да сте живи и здрави, продолжете да го остварувате Вашиот талент преку македонската песна, се радуваме на следната средба!